14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Нова трагедија на патиштата во Македонија, утрово загина 18-годишна битолчанка

18-годишна девојка од Битола загинала во сообраќјна несреќа на патот Прилеп-Битола, денеска околу 11.30 часот, извести МВР.

Девојката била совозач во возилото „Фиат браво“ кое го управувала нејзина 38-годишна блиска роднина. Бравото излетало од патот во близина на селото Тополчани.

На лице место починала 18-годишната девојка, додека жената-возач била пренесена во битолскиот медицински центар каде и се констатирани телесни повреди.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.

поврзани објави

Последни објави