4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Лавров: Не смееме да дозволиме прегрупирање на терористите

Меѓународната заедница не треба да дозволи враќање и прегрупирање на терористите по нивниот пораз во Сирија и Ирак. Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, по состанокот со неговиот ирачки колега Ибрахим Ал Џафари, објави ТАСС. Двајцата го осогласиле ставот за потребата да се засили борбата против тероризмот.

“Задачата на сите актери во антитерористичката акција е тоа да се поразат, колку што е можно побрзо терористичките групи како “Исламска држава” и “Џебхет Ан-Нусра “и да се минимизира, нивната способност да се прошират во други области на светот “, рече Лавров.

поврзани објави

Последни објави