Откако доби црвен картон против Барселона во Суперкупот на Шпанија, додека сезоната не ни почна како што треба, Кристијано никако да дојде на зелениот тревник, барем во првенството.
Сето она што го красеше најдобриот фудбалер на светот во последните десет години, како да исчезна во домашното натпреварување. Португалецот се помалку постигнува голови, а се поретко успева да ги предрибла одбранбените играчи на противничките тимови како што тоа го правеше некогаш.
По натпреварот против Еибар, новинарите го прашаа тренерот на Реал Мадрид Зинадин Зидан, што се случува со Кристијано Роналдо кој во минатата сезона постигна 42 голови, а оваа само еден.
“Не треба да се грижиме ако Роналдо не постигне гол, важно е да влегува и да создава шанси“, рече Зидан и додаде дека Португалецот е апсолутен фаворит да биде избран за најдобар играч во претходната сезона, бидејќи тоа го заслужил.
“Тој е најдобар играч на својата генерација. Далеку најдобар. Одлучувачки фактор е во клучни натпревари, човек кој прави разлика и апсолутно ја заслужува секоја награда која досега ја има освоено. Голови? Малку по малку и тоа ќе дојде, треба да се врати самодовербата“, рече тренерот на Реал.