Ломбардија и Венето, двата најбогати реони во Италија гласаа за поголема автономија. Лидерите на двата региона, Лука Заја и Роберто Марони, прогласија победа на референдумот, потенцирајќи дека мнозинството граѓаните гласале за поголема автономија на регионите.
Според прелиминарните резултати, над 90 отсто од граѓаните кои гласале, заокружиле ДА. Се проценува дека одзивот во Венето е меѓу 57 и 61 отсто, а околу 40 проценти во Ломбардија.
Како причина за овие референдуми се сметаат тврдењата на партијата Северна лига, која од подолго време смета дека северот го „издржува“ посиромашниот јужен дел од државата. Според економските статистики двата региони, сочинуваат околу 30% од вкупната италијанска економија.