Златан Ибрахимовиќ иако има 36 години, нема наскоро да ја заврши својата кариера!
Напроитв, тој ќе игра уште 4-5 години, а притоа сите заработени пари во тој период ќе ги даде на една личност!
Ова за шведските медиуми го изјави неговиот менаџер Мино Рајола, кој откри дека токму тој е личноста на која ќе и припаднат сите пари од заработката на Ибрахимовиќ.
“Не му давам да заврши, ќе игра уште најмалку 4-5 години. За сето ова време јас работев за него, сега дојде ред да ми врати. Децата ми растат, потребни ми се пари и тој тоа го разбира. Се договоривме дека се што ќе заработи до крајот на кариерата ќе ми припадне токму на мене“, рече Рајола за шведски “Експресен“.
Тој додаде дека Ибрахимовиќ во текот на својата кариера сам бирал во кој клуб ќе продолжи да игра.