Скаути на екипата на ПСЖ се во Шпанија каде што во наредниот период ќе ги следат настапите на нашиот Енис Барди и неговиот клубски другар од Леванте Џеферсон Лерма.
Македонскиот фудбалер го привлече вниманието на јавноста со фантастичното отворање на сезоната во шпанска Примера, кога се наметна како еден од подобрите новајлии во лигата. Првите неколку натпревари во дресот на Леванте ги одигра одлично и прикажа добри игир како и постигна два гола, од кои еден фантастичен од слободен удар.
Тој дојде од унгарски Ујпешт за 1.500 000 евра а сега откупната клаузула изнесува 25.000 000 евра и има договор до 2020.
22-годишниот Енис е на радарот на уште неколку европски екипи како Интер, Сандерленд и Андерлехт.