4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Средба на министерот Спасовски со министерот за внатрешни работи на Република Италија

Министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски денеска во Трст, Италија, оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Република Италија, Марко Минити.

Министрите Спасовски и Минити ја потенцираа одличната соработка  меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Италија, која се одвива во духот на традиционално добрите пријателски односи меѓу двете земји. Особено значајна е соработката во областа на борбата против дрога, при што претставници од Министерството за внатрешни работи присуствуваат на обуки за борба против дрога, главно во Централната дирекција за борба против дрога во Рим, Италија.

Двајцата соговорници искажаа подготвеност и за продлабочување на соработката, особено во областа на организираниот криминал и финансиските истраги.  Министерот Минити ја потенцираше безрезервната поддршка од Република Италија за реформите во Република Македонија.

Министерот Спасовски вчера и денеска учествува на Завршната министерската  конференција за проектот Борба против организираниот криминал: Меѓународна соработка во кривичното право  во Трст, Италија.

поврзани објави

Последни објави