2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Спасовски во Трст: Заедничката посветеност и соработка против криминалните групи треба да бидат приоритет

Свесни сме дека последиците од дејствувањето на криминалните групи не предизвикуваат само економски последици туку тие сериозно ги загрозуваат и безбедноста, национална и регионална и токму затоа заедничката посветеност и успешна соработка треба да бидат високи приоритети за нашите земји, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето обраќање на Завршната министерска конференција за проектот „Борба против организираниот криминал: Меѓународна соработка во кривичното право“, во Трст, Република Италија.

Проектот се реализираше како регионален проект ИПА 2014, а како негов носител од страна на ЕК беше назначено италијанското министерство за внатрешни работи и е наменет за полициите на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

– Овој проект имаше за цел подобрување на меѓународната стратешка и оперативни соработка, односно оперативно да се поддржат меѓународните истраги и гонења, да се унапреди безбедната размена на информации и разузнавачки сознанија, да се поттикне употребата на современата технологија за комуницирање и механизмите за заштита на податоците, усогласени според стандардите на ЕУ, рече министерот Спасовски.

Министерот Спасовски посочувајќи ја неспорната важност, но и успешна реализација на овој проект, нагласи дека бенефитите се видливи во повеќе сегменти, почнувајќи од подобрување на капацитетите на органите за спроведување на законот во земјите кориснички за спроведување прекугранични и меѓународни заеднички полициски операции и истраги, потоа поквалитетна и поинтензивна размена на информации и податоци, па се до унапредување на употребата на специјални истражни техники.

поврзани објави

Последни објави