Прогресивната линија во Саудиска Арабија продолжува. Откако во крајот на септември на жените во државата им беше дозволено да возат самостојно, сега престолонаследникот принц Мохамед Бин Салам објави дека, “државата ќе му се врати таму, каде била – кон умерениот ислам.
Принцот Мохамед беше посочен за престолонаследник од неговиот татко кралот Салман во текот на оваа година. Во државата го сметаат за движечка сила за модернизација на конзервативната држава.
За време на инвестициониот во Риад, принцот објави, дека Саудиска Арабија е подготвена да се ангажира за да се справи со екстремизмот, рече принцот.
Нема да потрошиме 30 години од нашите животи, за да се справиме со екстремистичките идеи. Ќе ги срушиме уште денес.
Саудиска Арабија ја налага крајно конзервативната форма на исламот – уахабизам, кој се однесува како надреден односно ги потчинува другите религии, ги ограничува силно правата на жените и допушта сурови казни за религиозни престапки. Државата често е обвинувана, дека го спонзорира исламскиот тероризам.
Саудиска Арабија ги објави своите планови да изгради мега град за 500 милијарди долари на брегот на Црвеното море. Проектот е дел од плановите на кралството да ја диверсифицира својата економија, која зависи од нафтата. Плановите предвидуваат на простор од 25 илјади. кв. км да бидат изградени можности за енергетиката, биотехнологични производства како и високи технологии. Градот ќе биде именуван по местноста Неом.
Другата иницијатива на Ријад предвидува дека Фондот за јавни инвестиции, како што се нарекува суверен фонд за богатство на кралството, ќе се придружи/приклучи со 20 милијарди долари во вкупно 40 милијарди инвестициски фондови заедно со американскиот Блекстон.
Намерата е дека парите се инвестираат во “конвенционална економија”, како што се здравството и образованието. Заедничкото вложување меѓу Саудиска Арабија и Блекстон беше објавено во мај.