10.8 C
Skopje
Saturday, May 4, 2024
Платено политичко рекламирање

Ѓорчев: Дури во 36 општини имаше двајца кандидати за градоначалници, никој не се осмели да оди против власта!

Членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ Влатко ѓорчев во гостувањето на ТВ НОВА рече дека во Република Македонија никогаш немало понерегуларни избори од овие.

„Дали во 27 години македонска демократија имало ситуација каде кандидат, носител на листа за советници бил убиен? Никогаш немало. Сега тоа се случи. Дали во изминатите години имало ситуација каде што кандидат за градоначалник, актуелен градоначалник бил нападнат? Никогаш тоа не се случило. Сега се случи. Никогаш порано немало помалку кандидати за градоначалници и советници на ниво на Македонија. Дури во 36 општини имаше само двајца кандидати за градоначалници. Никој не се осмелил да оди против власта“, рече Влатко Ѓорчев.

Тој рече дека во источна Македонија, млади дечки велат дека сакале да се појават на состаноци на ВМРО ДПМНЕ но дека не сакале да бидат фотографирани бидејќи ќе имале проблеми и праша дали ова е нормално да се случува во 21 век.

За референдумот за договорот за Бугарија кој го побара ВМРО ДПМНЕ тој рече Бугарија направила договор добар за себе, но не и за Македонија. Во моментов имаме конкретно суспензија на демократијата во Македонија, имавме петиција од граѓани, имавме одлука легитимна на совет за стратегијата со мигранти, рековме ајде да видиме што е она што граѓаните ќе го сакаат. Владата преку нивни институции рече: Некои прашања не заслужуваат одговор. Народот е тој кој треба да каже како мисли и како размислува за овие прашања, рече Ѓорчев.

ЦЕЛОТО ГОСТУВАЊЕ НА ВЛАТКО ЃОРЧЕВ

 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави