14.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Таткото на Нејмар крои нов план! ВО ПСЖ е само да го убие времето, еве каде Бразилецот ќе направи трансфер

 

Шпанските медиуми се склони на потенцијални трансфер бомби па така и денес донесоа една неверојатна.

ДОН БАЛОН тврди дека постојат некакви договори меѓу Флорентино Перез и таткото на Нејмар се со цел во некоја од наредните сезони Бразилецот да го облече дресот на кралевите и да премине на Сантиаго Бернабе!

Наводно идејата е да го наследи Роналдо, кој нема ништо против и сметак дека тој е вистински играч за “кралевите“.

Што се однесува до ПСЖ, ним и не им се допаѓа баш тоа што Нејмар се однесува како газда на теренот, бидејќи тоа не го правеше во Барселона. Веќе влезе во конфликт со Кавани, а се зборува дека има недоразбирања и со Мбаппе.

Секако, ПСЖ нема така лесно да се откаже од Нејмар, па би можеле да бидат принудени да во идниот период се обидат да го задржат преку зголемување на платата. Во случај на потенцијален трансфер тој би имал 26 или 27 години, што значи дека неговата цена сигурно би била приближна на сегашната. Но, Реал би бил спремен да плати и астрономска цифра, тврдат шпанските медиуми. На Перез му е сосема јасно дека Нејмар е наследникот на Роналдо и Меси како најдобар фудбалер на светот во иднина. Останува да се види има ли во ова барем малку вистина.

поврзани објави

     

Последни објави