23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

БОМБА од Шпанија: Реал пронајде нов галактикос

Реал Мадрид планира да го ангажира напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски во текот на летото. Полскиот напаѓач веќе подолго време е на мета на кралевите, но сега работите се во напредна фаза.

Весникот “Ас” пишува дека менаџментот на Реал веќе преговара со агентот на Левандовски. Полјакот признал дека сонува да игра на “Бернабеу” и се чини дека тоа би можело да се случи уште во текот на летото.

ПСЖ исто така покажа голем интерес за 29-годишниот голгетер. Левандовски неодамна го навлече гневот на Баерн со зборовите дека клубот треба да привлече играчи од светска класа. „Ако сакаме да бидемена високо ниво, треба да имаме такви играчи”, рече Левандовски.

Иконата на Баерн, Стефан Ефенберг беше еден од многуте критичари на Левандовски.
„Ули Хонс неколку пати рече дека Баерн не може да си дозволи да плати 100-150 милиони евра. Оваа изјава сугерира дека тој не верува во неговите колеги”, рече Ефенберг.

поврзани објави

Последни објави