4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Митевски: Целосно ја променивме сликата за нашата општина – победа на 29 октомври за да ја продолжиме успешната приказна

Кандидатот за градоначалник на општина Македонска Каменица од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Митевски порача дека таа партија мора да победи на 29 октомври на локалните избори, за да се продолжи успешната приказна за Македонска Каменица.

Митевски им се заблагодари на сите оние кои гласаа за него и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние како сериозна локална самоуправа изминатиот период работевме за сите граѓаните. Партиската припадност не беше на прво место. Денес многумина сограѓани од Македонска Каменица велат дека тоа било грешка, ама ние имавме повисоки цели, Каменица да биде општина на сите граѓани, успешна и просперитетна. Ние целосно ја променивме сликата за нашата општина, истакна Митевски.

Потенцира дека сите граѓани на општината се сведоци на уредениот градски плоштад и современиот градски пазар.

-Сите сме сведоци на асфалтирани улици во централните средини, сите сме сведоци на километрите локални патишта кои ги изградивме во секоја една селска средина. Сме сведоци на новата водоводна мрежа која што ја имаме. Исто така, сме сведоци на новите тротоари, новото осветлување, новите улици. Исто така, ние во Македонска Каменица сме сведоци на новата куќа на спортот, на новиот дневен центар за децата со посебни потреби и на овој прекрасен културен дом кој го изградивме заедно со поддршка од Владата на Република Македонија, посочи Митевски.

Нагласи дека во изминатиот период локалната самоуправа работела и на многу проекти во руралните средини во Македонска Каменица.

Митевски потенцира дека општината од 2009 година навака вложувала во спортот и оти тоа донело резултати.

-Сите треба да се запрашуваме, што добивме откако СДС дојде на централната власт? Да пренесеме на каменичани: Каде е стариот закон на рударите што го ветуваа? Се уште добиваме сметки за радиодифузна такса иако кажуваат дека ќе ги укинале. Десет пати беа да се сликаат на одронот на магистралниот пат Каменица – Кочани, и после шест месеци истиот проблем сто и еден камен немаат поместено. Го стопираат проектот за пат Македонска Каменица – Паланка за кој што Владата на ВМРО-ДПМНЕ имаше обезбедено финансиски средства од Светска банка, истакна Митевски додавајќи дека резултатот од работата на СДСМ е празни ветувања и штетни договори за македонскиот национален идентитет.

Вели дека за време на изборната кампања во Македонска Каменица секојдневно имало инспекции и полиција. Потсети дека скршен бил и месен штаб во местото Тодоровци. Според него, имало и преместување на работници, па некои од нив наместо во Македонска Каменица, работеле во Берово.

-Се оди до степен, кандидатот за градоначалник од СДС и се јавил на самохрана мајка во јавната администрација и ја прашал „Дали мисли од понеделник да оди на работа?“. Е овде се поминати сите човечки градиници. Ќе поминат и избори ама лошите постапки и зборови не поминуваат, посочи Митевски.

поврзани објави

Последни објави