Најдобрите македонски ракометни судии одново добија огромно признаније откако по елиминрањето на дел од судиите останаа во оние 12 двојки кој ќе ја делат правата на Европското првенство во Хрватска 2018.
ЕХФ го скрати списокот на судии, а меѓу 12-те избрани се најде македонскиот судиски пар кој важи за најдобар во нашата земја. Покрај од Македонија, судии ќе има и од Белорусија, Хрватска, Чешка, Данска, Шпанија, Франција, Германија, Литванија, Португалија, Романија и Русија.
Европското првенство започнува во јануари, а Македонија ќе игра во групата Ц во Загреб, заедно со Германија, Црна Гора и Словенија.