Министерството за образование и наука ги објави kонкурсите за доделување стипендии за учениците во јавните и приватните средните училишта во земјава. За претстојната учебна година ќе бидат доделени 150 стипендии за талентирани ученици-спортисти од средните училишта.
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта, а ги исполнуваат следните услови, да се редовни ученици од I година, кои во текот на претходните две учебни освоиле најмалку две награди за освоено I или II место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на спортот организирани од национални спортски федерации кои имаат решение за вршење на дејноста спорт издадено од Агенција за млади и спорт; да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на претходната учебна година освоиле награда за освоено I или II место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на спортот организирани од национални спортски федерации кои имаат решение за вршење на дејноста спорт издадено од Агенција за млади и спорт; да имаат постигнат просечен успех од најмалку 4,00 во досегашното образование. Висината на стипендијата ќе изнесува 2.970,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.
МОН ќе додели и 400 стипендии за социјална подdршка на ученици од средните училишта.Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија. Висината на стипендијата ќе изнесува 2.200 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.