Измената на даноците нема да биде на штета ниту на граѓаните ниту на бизнисите, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска на отворањето на саемската манифестација „Технома“.
„Било какви измени на даноците да се донесат ќе бидат во прилог на граѓаните и стопанствениците и нема да се случи без поширока расправа за што целата јавност ќе биде навремено информирана “ изјави Анѓушев на констатацијата дека стопанствениците и граѓаните веќе реагираат дека не се консултирани за овие предлози и дека некои од нив ќе бидат дополнително оптоварување за нив.