3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Волфганг Шојбле- Човекот за тешки мисии

Волфганг Шојбле, германскиот министер за финансии е новиот претседател на германскиот парламент, отворајќи го патот за големите промени во најмоќната европска економија.

Шојбле е непожелен во некои делови на Европа како архитект на строгата финансиска дисциплина, тој е конзервативниот политичар ветеран во парламентот, кој секогаш е во центарот на голем број клучни настани во Германија, вклучувајќи го и германското обединување во 1990 година

Водечката фигура во Христијандемократската заедница (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, се согласи да се повлече од Министерството за финансии, за да и помогне на Меркел да состави нова коалиција, откако ЦДУ го доби најслабиот си изборен резултат од 1949 година.

Шојбле не за прв пат ги става службата на општеството и партиската лојалност над сопствените политички амбиции. Во минатото тој мораше да се бори и со куршуми на напаѓачот кој го остави парализиран на инвалидска количка.

Сметан некогаш за наследникот на поранешниот канцелар Хелмут Кол, Шојбле беше вмешан во финансиски скандал, а потоа се повлече како лидер на партијата во 2000 година, не на последно место и поради јавен притисок од амбициозната Меркел.

Многумина го сметаа за доајен на министрите за финансии од еврозоната и како таков неодамна тој помогна да се постават темелите на економското заздравување во Грција, Шпанија, Ирска, Кипар и Португалија во екот да должничката криза на еврото.

Шојбле има изненадувачки разоружувачка смисла за хумор. Еднаш за време на брифинг новинари, тие го потсетиле дека има роденден, а тој се свртел кон нив и ги прашал: “И сега што ќе правите? Ќе ми испеете некоја песна ли?”.

Непобедливиот европски, Шојбле, исто така, не сака да остане критичен кон неговите критичари. “Доста веќе сте ми зборувале дека сум лошото момче, што се бори против Атина”, рече тој еднаш во екот на должничката криза, откако истакна дека претходно се согласил за олеснување на грчкото должничко бреме.

Според аналитичарите долгогодишниот германски пратеник ќе треба да го користи целото свое политичко влијание и резервите од хумор, за да го смири новиот состав на парламентот.

Шојбле е познат и по тоа што често се „вози“ со голема брзина на својата инвалидска количка по берлинските коридори на власта. Тој ги сака турбулентните спорови, се насладува на вербалните пресметки во пленарната сала на Бундестагот.

Шојбле отсекогаш бил човек за тешки мисии. Адвокат од планинскиот регион Шварцвалд во југозападна Германија, тој влегува во ЦДУ во 1965 година и е пратеник во Бундестагот од 1972 година Во 1980-тите години е шеф на кабинетот на (канцеларот) Хелмут Кол со задача да наоѓа излез од тешки ситуации . Морал да се занимава со серија од сложени проблеми на високо ниво, заложнически кризи, даночни реформи, како и со некогашниот комунистички лидер на Источна Германија екстремистот – Ерих Хонекер.

Како министер за внатрешни работи по падот на Берлинскиот ѕид пред 28 години Шојбле одигра важна улога за подготовката на договорот меѓу Источна и Западна Германија, што го донесе обединувањето во 1990 година – достигнување, што тој го смета за врв на својата политичка кариера.

Сепак, триумфот стана лична трагедија за Шојбле само една недела откако Германија беше обединета. Психички болен маж го застрела Шојбле на предизборна средба во ресторан во неговиот роден град Баден-Виртемберг. По нападот Шојбле остана парализиран од половината надолу.

поврзани објави

Последни објави