Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, Јохан Тарчуловски вечерва се појави за првпат на дебата на Канал 5 заедно со неговиот противник, Филип Темелковски.
На прашањето дали има вистина во шпекулациите дека ја турнал својата сопруга од тераса, тој рече дека тоа се лаги за да му се наштети.
-Јас не ни бев дома кога се случи таа несреќа. Не е убаво да се ситиме на туѓата несреќа само за добивање на политички поени, рече Тарчуловски.