7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Заев од Штип: Застануваме заедно да го градиме Штип со кој ќе се гордееме, барам поддршка за Благој Бочварски!

На 29-ти октомври повикајте ги вашите комшии, роднини, пријатели да го дадат својот глас за Благој Бочварски, подадете рака секому, кажете им дека може да подобро, од нас, од вас зависи. Вие граѓаните ја имате моќта на промените и никој друг! Кажете им дека Штип врти нова страница, завршува времето на делби и поделби. Кажете им сите граѓани на општина Штип од сите политички партии, од сите етнички заедници, од сите религии застануваме заедно да го градиме Штип со кој сите ќе се гордееме“ порача претседателот Заев на синоќешниот митинг на СДСМ и коалицијата во Штип на којшто ја побара поддршката од граѓаните во вториот круг од локалните избори.

Претседателот Заев рече дека централната власт во соработка со новата локална самоуправа предводена од Благој Бочварски силно ќе го поддржи идниот раст и развој на Штип.

За таа цел, како што посочи тој Универзитетот Гоце Делчев ќе биде значително поддржан и ќе се гарантира неговата автономија, а ќе се работи и на унапредување на студентскиот стандард.

„Во соработка со општината, ќе работиме на развој и инфраструктурно поврзување на Штип. Ќе ја завршиме изградбата на автопатот Миладиновци Штип до септември 2018 година.“ соопшти претседателот Заев.
Меѓудругото тој истакна дека Штип ќе се поврзе и со Кочани и Радовиш преку изградба на експресни патишта.

„Штип не може да си дозволи некој тајно да му ја крои судбината, да носи буџети без консултации на граѓаните и генерални урбанистички планови кои ги уништуваат рекреативните зони во градот, зад затворени врати. Како што Македонија го надмина Никола Груевски така Штип го надмина Илчо Захариев!“ порача Заев.

Тој уште еднаш ги повика граѓаните гордо и достоинствено да гласаат во недела, да ја дадат својата поддршка за новиот градоначалник Благој Бочварски за Штип да стане гордост на цела Македонија.

поврзани објави

Последни објави