6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Претседателот Иванов бара датум за старт на преговорите со ЕУ

Претседалот Иванов во своето обраќање на официјалната сесија на отворањето на Форумот Кран Монтана, што започна денеска во Брисел, истакна дека очекува Европската Унија да покаже одлучност и на Република Македонија да и даде датум за почеток на преговорите за членство.

 

Според Иванов одложувањето на проширувањето на Унијата дополнително ги усложни состојбите, а статус кво состојбата во интеграциите, во комбинација со економската криза и безбедносните предизвици ги направија Балканот и Република Македонија уште поранливи на надворешните фактори на дестабилизација.

Во рамки на неговата дводневна работна посета на европската престолнина, претседателот Иванов вчера оствари средба со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, а за денеска попладне е предвидена и средба со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи и европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Реиндерс.

поврзани објави

Последни објави