Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да даде зелено светло за пробна програма, чија цел е ширење на државната и комерцијалната употреба на дронови.
Трамп го одобри зголемувањето на бројноста на летовите на дронови и нивната намена, со што се укинува строгата примена на сојузните безбедносни прописи. Од 2018 година дури и општините ќе можат да тестираат дронови за своите потреби.
Сојузните држави, општините и населбите кои ќе бидат избрани да учествуваат, треба да состават сопствени програми за тестирање на намените на тие летала, а бројот на заедници кои можат да се придружат на програмата не е ограничен.