Управувањето со сообраќајот во голем европски град не е задача за аматери. Неразумната, релативно безопасна промена на навиките на луѓето може да доведе до спротивен ефект, напнатост и незадоволство.
Кога станува збор за брза и безболна мобилност во градот, главните градови на Европа често се пример за активно користење на јавниот превоз – метро, автобуси, трамваи, градски железници итн. Во просек, 49% од луѓето го користат овој начин на транспорт за да стигнат до своето работно место секој ден, покажуваат податоците на Евростат од 2015 година.
Меѓутоа, навиките на луѓето се разликуваат во голема мера – не само на континентално, туку и на локално ниво. Ова важи за употреба на јавниот превоз, како и на приватните автомобили или велосипеди. Покрај тоа, претпочитувањата на урбаните жители исто така се менуваат. Во една од престолнините на велосипедот – Копенхаген – има намалување на бројот на луѓе кои го користат ова превозно средство за да отидат на работа.
Она што прави интересен впечаток е дека употребата на јавниот превоз е многу пораспространета во главните градови на земјите во Европа отколку во провинциите.
Над 60% од жителите на Софија избираат да патуваат со јавен превоз од дома до работа. За споредба, во Бургас учеството на патници со автобус или автомобил е околу 40-50 проценти.
На прв поглед, причините изгледаат очигледни: во градовите со густ сообраќај, поразумно е да се фати автобус отколку да се вози автомобил поради застојот во трафикот, а и поради барањето на паркинг простор.
Во помалите градови, од друга страна, јавната транспортна мрежа не е секогаш густа и доволно редовна за да обезбеди удобно движење од врата до врата.
Уделот на урбаниот транспорт во Париз и во Мадрид е висок. Релативно поограничен е процентот во главните градови како Лондон и Берлин. Најниско (под 30%) е нивото на користењето на јавниот превоз во градовите како Лисабон, Даблин, Вилнус и Рига.
Клучното прашање не е големината на градот, туку инвестициите во јавните услуги.
Во Цирих, чие население е малку над 400 000 лица, над 60 отсто од луѓето одат на работа со градскиот транспорт – доста повеќе од голем град како Рим, на пример. Цели 74% од луѓето во Виена исто преферираат да ги искористат услугите на градскиот транспорт, иако австриската престолнина не е меѓу топ 20 на најголемите градови во Европа.
Амстердам и Копенхаген имаат заслужена репутација како европски метрополи кои се најпогодни за велосипедистите. Сепак, тие се приличен исклучок од европската пракса отколку сеопфатен модел.
Според податоците: главните градови на Холандија и Данска се единствените големи градови на континентот во кои над 50% од граѓаните го користат велосипедот, за да стигнат до работа. Патем – и тоа е предмет на промена. Според актуелните податоци на општинските власти во Копенхаген, фреквенцијата на патување со велосипед во градот е намален до “едвај” 41 отсто.
Разликата помеѓу овие два града и останатите во рангирањето е очигледна: нема главен град во Европа, во која секојдневното патување до работа со велосипед надминува 25%.
Германската престолнина која е значително поголема од Копенхаген и Амстердам, сепак планира да вложи доста инвестиции во понатамошно развивање на вело-инфраструктурата. Ако ова се случи, наскоро може да има промени во првите 3 градови на табелата.
Од друга страна, јадрото на Париз е релативно компактно, голем број на луѓе живеат на релативно прифатлива оддалеченост од работното место, за да ја изминуваат пеш или да ја комбинираат со метро.
Највисок удел на движењето до работа преку личен автомобил е забележан во градовите како Рејкјавик (Исланд), Валета (Малта) и Никозија (Кипар) – островски држави во кои јавниот транспорт не е планиран, било поради топографијата, било поради политички причини.