„И министерот за надворешни работи се шетал низ Штип вчера. Аман те бре луѓе, кога Штип стана центар на дипломатијата? За овие неколку дена, Штип го посетија: премиерот-неколку пати, министерот за одбрана, за економиа, за внатрешни, за змјоделие, за надворешни и.т. Дури и кметот на Скопје Петре Шилегов дојде во нашиот град.Што е многу, многу е. Кај е овој Мартин Протуѓер, да не заминал во СДСМ, нешто така ми изгледа“, пишува Петар Колев на својот ФБ профил.
Кампањата во Штип од ден на ден станува се по интересна. Во првиот круг од изборите кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Илчо Захариев беше во водство од 36 гласа наспроти неговиот против кандидат од СДСМ Благоја Бочварски.