Не е изненадување што Реал Мадрид има пет играчи во најдобрата екипа оваа година во изборот на ФИФА.
Реал минатата сезона ја одбрани титулата на Лига на шампиони и го освои шпанското првенство во Премиера, а пет негови играчи беа избрани од ФИФА: Серхио Рамос, Марсело, Лука Модриќ, Тони Крос и Кристијано Роналдо, додека Зидан е избран за најдобар тренер.
Меѓутоа. Кој е најважниот играч на Реал? За многумина тоа е Кристијано Роналдо, повторно најдобриот играч во изборот на ФИФА, но Зидан има друго мислење кое можеби нема да му се допадне на португалецот.
Зидан: Рамос е најважниот играч на Реал!
За францускиот стратег најважен играч за неговиот тим е Серхио Рамос. Капитенот на Реал пред 12 години пристигна од Севиља на Сантиаго Бернабе во трансфер вреден 27 милиони евра. Кога младиот Рамос пристигна, Зидан ја играше својата последна сезона пред да ја заврши својата кариера како фудбалер и да замине во пензија. Рамос е единствениот играч на Реал од денешната постава кој ја имаше честа да игра со француската фудбалска легенда.
Зидан вели: Рамос е капитен на нашата екипа, тоа сите го знаат, но тој е и најважниот играч“, кажа Зидан во разговор за Марка.