14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Трајковски и Георгиевски во лута борба за Гази Баба

Двајцата кандидати за градоналник на Гази Баба, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник Тони Трајковски и неговиот противкандидат од СДСМ, Борис Георгиевски поднесоа нова порција предизборни ветувања пред гласачите од оваа голема скопска населба.

„Ќе продолжиме и со изградба на улиците, како и асфалтирање на улиците во делот на Камник, како и реконструкција на сите останати улици во Ченто, а ќе го реализираме и проектот за ново основно училиште „Крсте Мисирков“ и комплетна реконструкција на спортските терени и реконструкција на спортската сала. Ќе направиме и комплетна реконструкција на културниот дом каде ќе добиеме едно место кое во иднина ќе се користи за одредени манифестации. Ќе продолжиме во делот на изградба на фекалните канализации како и атмосферските канализации, а посебен акцент ќе ставиме околу населбата Камник и Јане Сандански. Паралелно ние ќе градиме и пешачки и велосипедски патеки кои што се многу значајни за велосипедистите и пешаците, потенцираше Трајковски.

Нашата заложба е да имаме чисти јавни површини, чист воздух и здрава животна средина. Ќе инвестираме во јавните комунални претпријатија, ќе се посветиме на редовно чистење на депониите и каналите, ќе вложуваме во колекторски системи, пречистителни станици, а ќе изградиме и регионални фабрики со еко-филтри за третман на цврстиот комунален отпад, најави кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ Борис Георгиевски.

Тој информира дека во селото Синѓелиќ ќе работат на чистење на каналот и на негово трајно покривање, во селото Брњарци ќе го уредат речното корито, а во Стајковци ќе се изгради одводен канал на улицата „Антон Велковски“, во должина од 1.200 метри во кој ќе се слева атмосферската вода.

поврзани објави

Последни објави