-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ОЈО почна истрага за тепањето на студентите на минатите студентски избори

Основното јавно обвинителство Скопје почна постапка за расветлување на упадот на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) на МВР во просториите на Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ по минатогодишните студентски избори.

Обвинителството постапува по кривичната пријава што тогаш ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човекови права против поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков.

Обвинителството не отркива дали е отворена предистражна или можеби истражна постапка, а не информира ни за бројот на лицата за кои постои сомневање дека сториле кривични дела.

Специјалните полициски единици вечерта на 30 јуни, по изборите за студентски лидер, влегоа во просториите на СПУКМ откако „Студентски пленум“ алармираше дека изборите се спроведени незаконски, со многу прекршувања, притисоци и закани, а нивните членови ја блокираа вратата од просторијата во која беа приврзаниците на претседателот на Студентскиот парламент, Кирил Спироски.

 

поврзани објави

Последни објави