Нејмар сјајно тргна во дресот на ПСЖ, со 10 голови во 11 натпревари, но против Марсеј ја покажа и својата “пргава“ страна, па беше исклучен во завршницата на реми од 2:2.
На критичарите не им требаше долго време за да се пробудат, а еден од нив е и поранешниот француски репрезентативец Christophe Dugarry..
„Нејмар најверојатно мисли дека е на натпревар во некоја соба или на футсал заедно со своите пријатели. Фокусиран е на провоцирање на другите, противниците ги чека на 45 метри од голот и така е потполно бескорисен“, вели Dugarry па додава:
Каде е оној Нејмар кој на првите натпревари ја убрза играта на ПСЖ? Во недела беше очајен и не можеше да се ужива во неговата игра. Играше како да е во двор со неговите пријатели и воопшто не се грижеше за своите соиграчи. Тоа беше најлошиот натпревар кој го има одиграно.
Поради црвен картон Нејмар ќе го пропушти натпреварот против Nice во петок.