Турската полиција заплени 2,5 милиони таблети „Екстази“ во операција во Истанбул, што претставува најголемо количество на дрога во таблети кое е запленето некогаш.
Приватната телевизија НТВ јави дека операцијата била спроведена по двомесечна истрага. Автомобилот, кој ја превезувал дрогата, влегол во Турција од Бугарија преку граничниот премин Капикуле/Капитан Андреево.
Полицајците во автомобилот откриле два милиони и 550 илјади таблети екстази, чија вредност на црниот пазар се проценува на околу 20 милиони евра.
Потоа е спроведена и операција во станот на уапсениот, каде што се пронајдени 56 килограми хероин, 120 килограми сканк, пет килограми опиум и 600 грама кокаин.
Во врска со случајот се уапсени пет лица.