Од таму повторија дека до зголемување ќе дојде по завршувањето на програмата за поттикнување на откуп на државни обврзници.
ЕЦБ најави дека од јануари ќе ја преполови стимулативната програма за купување на обврзници како поддршка за заздравување на економијата на еврозоната погодена од должничката криза.
Банката ја задржа флексибилноста наведувајќи дека би можела да го зголеми купувањето на обврзници доколку еврозоната од 19 членки доживее нов економски шок.