Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис ја обвини Северна Кореја дека го зајакнува нуклеарниот арсенал за „да им се заканува на другите со катастрофа“, додавајќи дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и понатаму е посветена на убедувањето на Пјонгјанг да прифати целосно нуклеарно разоружување. Зборувајќи во демилитаризираната зона меѓу Северна и Јужна Кореја, Матис оцени дека режимот во Пјонгјанг е закана за светскиот поредок и изрази солидарност со Сеул. Матис се наоѓа во посета во Јужна Кореја, каде што треба да разговара за нуклеарната програма на Северна Кореја.