4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Нов културен бран: Поп ап АКТО акција денес и утре во Скопје

Фестивалот за современи уметности „Поп ап АКТО акција“, како дел од Манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура, ќе се одржи денес и утре (27 и 28 октомври) во Скопје, во Кино Култура и во Железничка зграда.
Во Кино Култура од 20 часот до полноќ ќе се одржи АКТО музички саем. Идејата е, како што велат организаторите од Факултетот за работи што не се учат и од Локомотива, да се продолжи концептот на промоција на нова македонска музика, со посебен акцент на трендот на издавање на македонска музика на плочи. Ова стана пракса кај издавачите, музичарите и бендовите ширум светот и во последниве неколку години резултираше со 20-тина албумски изданија на македонски групи и музичари на плочи, кои можат да се купат во музичките продавници и во Скопје.

Од 21 часот ќе започне забава, „Сврти го Скопје на плоча“, со ретките диџеи и музичари кои се уште купуваат и промовираат музика на плочи: Илина Ангел, Мирко Попов и Флудер. Во Кино Култура ќе се одржи и ХНУ – Истражувачко студио за храна, наука и уметност.

Следниот ден (сабота) во Железничка зграда од 12 часот повторно ќе биде изведен перформансот „Кога зградите би зборувале“ кој беше дел од придружната програма на МОТ минатиот месец. Публиката ќе има можност да чуе еден постар сајд-проект на групата „Фолтин“, насловен како „Дејви Д’ Боуви + Паднатите од Марс“.

Ова издание на фестивалот „Поп ап АКТО акција“ го организир здружението ФРУ, во партнерство со Локомотива – Центар за нови иницијативи во културата и уметноста од Скопје, Здружението на текстилни, кожарски и чевларски работници ‘Гласен текстилец’- Штип како и регионалните соработници „Фрлачи на сенки“ од Загреб и „Супервизуелна“ од Белград.

поврзани објави

Последни објави