14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Графики на Славица Јанешлиева во Македонскиот културен центар во Њујорк

Во Македонскиот културен центар во Њујорк, вечерва во 18 часот, ќе биде отворена графичката изложба со наслов „Впечатоци“ на Славица Јанешлиева, уметница со мултимедијален пристап, која по својата примарна вокација е графичар, со исклучителна дарба за визуелна нарација.
Изложбата под кураторство на Маја Чанкуловска – Михајловска на македонската јавност ѝ беше претставена во декември 2012 – февруари 2013 година, а потоа и во „Магаза“ во Битола во 2014 година. Со дел од графиките од оваа изложба, Јанешлиева ја претставува Македонија на низа меѓународни жирирани биенални и триенални светски графички манифестации.

Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Македонија и ќе биде отворена во Њујорк до 9 ноември 2017 година.

Славица Јанешлиева е родена 1973 година во Скопје. Дипломирала на ФЛУ 1996 и магистрирала на истиот факултет 1998 година. Редовен професор е на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Ова е нејзина 25-та самостојна изложба, а изложувала на над 200 групни (жирирани, курирани и по покана) изложби. Добитник е на повеќе награди. Нејзини дела се наоѓаат во колекциите на 17 музеи во Македонија, Србија, Полска, Франција, Унгарија, Романија, Белгија, Финска, САД и Јапонија.

поврзани објави

Последни објави