Успешната соработка помеѓу СДСМ и ВМРО-НП во изминатиот 4 годишен период во Општина Кисела Вода продолжува и понатаму.
Во тој контекст ВМРО-НП ќе ја поддржи кандидатурата на Филип Темелковски за иден градоначалник затоа што смета дека тој со својата програма ги опфаќа сите проблеми на граѓаните на Општина Кисела Вода, без разлика на партиската, верската и националната припадност.
Општинскиот комитет на ВМРО-НП ги повикува своите членови и симпатизери да ја поддржат оваа соработка и да го дадат својот глас за кандидатот за градоначалник Филип Темелковски.