Реал нема да прифати да го менува Бејл со доплата за некој играч, сака да го продаде Велшанецот на крајот од сезоната.
Но, потребен им е напаѓач во јануари, па би можело да се случи да го земат Маркус Рашфорд, па макар и на позајмица.
Тој би бил на располагање на тренерот Зидан на повеќе позиции, може да игра како класичен напаѓач, а ни Англичаните не би имале ништо против, нема баш голема минтуажа, па откако ќе се врати и Ибра, неговите шанси би биле лимитирани.
Од друга страна фудбалскиот бисер на Реал е незадоволен, Асенсио е незадоволен, Бејл игра, а за негов нема место во големите натпревари иако во финишот на претходната сезона покажа колку може да постигне. Тој наводно побарал да оди негде да игра, а за Мурињо ова би бил поклон од небо. Асенсио не би можел да помогне во Лига на шампионите, но Бејл и онака е главна мета на “црвените ѓаволи“ оваа сезона. Тие каснат зад Сити со пет бодови, но јасно е дека двата тима од Манчестер ќе се тркаат за титула сезонава.