Лидерот на СДСМ и премиер на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, попладнево беше во посета на општина Чаир, каде порача дека потребни се само чесни политичари кои ќе ги служаат граѓаните, потенцирајќи дека токму таков е кандидатот за градоначалник од ДУИ, Висар Ганиу. „Нашата опција е Висар Ганиу кој ќе биде градоначалник на сите граѓани и заедно со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ќе донесе живот за сите во Чаир и во Скопје. Во недела да заокружиме број 3 и да прославиме живот за сите“, изјави Заев на митингот во Чаир. Тој најави дека ќе се стави крај на национализмот, а Чаир ќе биде општина за пример на мултиетничност.