Кога стигна во Челси Тимуе Бакајоко вети дека ќе ја смени бојата на косата и дека ќе се офарба во плаво, кога ќе го впише својот првенец во Премиер лигата.
Ветувањето не го исполни веднаш, земајќи го во предвид фактот што постигна гол на 14. октомври во поразот од Кристал Палас (2:1), но тринаесет дена подоцна на тренинг се врати плавокос и со нов имиџ ќе го игра натпреварот против Боурнемут.