7.8 C
Skopje
Wednesday, February 28, 2024

Милчевски: Наши сограѓани масовно преминуваат во ВМРО Народна Партија

Претседателот на ОК ВМРО-Народна партија М.Каменица, Венцо Милчевски со обраќање до сограѓаните:
Позитивно сум изненаден од интересот на членови на дпмне да преминат во ВМРО-Народна партија
Уважени граѓани на М.Каменица,
Уважени каменички десничари,
Како претседател на општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија М.Каменица би сакал со вас да споделам една многу убава вест.Членови на дпмне масовно преминуваат во нашата партија.Десноориентираните наши сограѓани му се враќаат на изворното ВМРО и секојдневно разговараат со мене и со нашето раководство за да преминат во нашата партија.Конечно луѓето сфатија дека вистинското ВМРО во М.Каменица е стационирано во ВМРО-Народна партија.Водени од изворна идеја на ВМРО,луѓето се пронајдоа токму во ВМРО-Народна партија и ние како партија широко им ги отворивме вратите.Масовноста е огромна во селските средини,но истотака и во самото градско подрачје.Апелирам уште еднаш дека нашите врати се ширум отворени и секој вистински подржувач на ВМРО ќе биде добредојден во ВМРО-Народна партија.Жалиме што дпмне толку многу се одалечи од идејата на ВМРО и својата политика ја постави исклучиво на личен интерес,што денес неможеме да ги препознаеме како десничарска партија.
Уште еднаш морам да спомнам дека позитивно сме изненадени од масовноста на луѓето кои ни приоѓаат,сите се добредојдени во нашата партија,вратите им се отворени на сите,отворени сме за разговор и зедничка работа.
Да живее изворната идеја на ВМРО.
Со почит,
Венцо Милчевски,
Претседател на
ВМРО-Народна партија

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -