-1.2 C
Skopje
четврток, декември 11, 2025
spot_img

Колку чини најскапиот рачен часовник на сите времиња?

spot_img

 

Рачниот часовник на филмската легенда Пол Њуман, „ролекс дејтона“, е продаден на аукција во Њујорк за 17.752.500 американски долар, што го прави најскапиот рачен часовник на сите времиња.

Иако многумина очекуваа дека часовникот ќе собори рекорд во цена, никој не можеше да претпостави дека ќе постане најскапиот „ролекс“, но и најскапиот рачен часовник на сите времиња.

Најскапиот „ролекс дејтона“ до вчера беше примерок продаден минатата пролет за 3,7 милиони долари.

поврзани објави

Последни објави