Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека со телескопот Пан-Старс1 на Хаваи е откриено ново небесно тело широко 400 метри, кое се движи брзо низ Сончевиот систем, но засега не можат да утврдат дали е комета или метеор.
Објектот е откриен на 19 октомври, и е наречен А/2017 У1. Според научниците веројатно станува збор за тело кое дошло однадвор од Сончевиот систем. Претставникот на НАСА, Пол Кодас изјави дека тоа би било првиот објект кој влегол во нашиот Систем однадвор по повеќе децении.