Адвокатот Пол Бекерт изјави дека сменетиот каталонски лидер Карлес Пучдемон се наоѓа во Белгија и тој ќе ги застапува неговите интереси. Бекерт не ја потврди информацијата дали е или ќе биде поднесено барање за азил во Белгија од страна на Пучдемон. Бекерт во минатото бил адвокат на членовите на баскиската сепаратистичка организација ЕТА. Бекерт, кој е експерт за заштита на човековите права, им давал услуги на членовите на ЕТА за добивање меѓународна заштита во Белгија. Тој уверува дека е добро запознат со случувањата во Шпанија.