Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски си поднесе оставка од советот на Град Скопје. Тој беше носител на советничката листа за Град Скопје, на овие локални избори.
И покрај тоа што неговата партија има став дека нивните функционери се единствените кои се избрани легално и легитимно и нема да се повлечат, Мицкоски сепак, поднесе оставка.
ВМРО-ДПМНЕ не ги призна изборите и обвини за нерегуларности, притисоци и терор кон сите граѓани кои сакале да гласаат демократски на овие избори.