-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ПСЖ со поспектакуларен трансфер од тој на Нејмар: Барса од ова ќе добие “нервен слом“!

ПСЖ летово го шокираше целиот фудбалски свет кога за 222 милиони евра го купи Нејмар. Тоа беше тежок удар за Барселона, која сега може да претрпи уште еден и тоа доста потежок. И тоа од лидерот во Лига 1.

Имено, франуцскиот Telefoot пишува дека Парижаните преговараат со менаџерот на Филипе Кутио, играчот на Ливерпул и бразилскиот репрезентативец за кој Каталонците очајнички се обидуваат веќе подолго време да го доведат на Камп Ноу.

Кутињо многумина го гледаат како сигурно засилување на Каталонците, но сега би можело се да се промени. По трансферот на Нејмар, тензиите меѓу двата клуба се уште пожестоки, а сега би можеле да достигнат размери какви што не би можеле ниту да се замислат.

ПСЖ летово ги расипа сметките и Реал пред нос им го земаа Мбаппе, а великаните на шпанскиот фудбал сигурно не сакаат некој да ги понижува на ваков начин.

Сепак, сосема јасно е дека Реал и Барселона полека, но сигурно го губат монополот на најголеми ѕвезди, па не чуди што преку челниците на Ла Лига се обидуваат да го возвратат ударот на сметка на Парижаните со манипулирање за одредбите од финансискиот фер – плеј.

Ако ПСЖ успее да го купи Кутињо, на Камп Ноу може да се каже дека ќе доживеат “нервен слом“. Telefoot тврди дека тоа не е празна приказна. Французите пишуваат дека се случил таен состанок на еден од челниците на ПСЖ со агентот на играчот.

Антеро Енрике и Киа Јорбачин се најдоа во Лондон предминатиот понеделник. Во Лондон тој ден беше одржана гала организирана од ФИФА за наградата The Best па го искористија моментот за работен состанок. Дека ова можеби е вистина, говори и фактот што пред само некој ден вакви информации пласираше и шпански Спорт. Значи, информацијата за преговорите доаѓа од два различни извори.

Каталонски “Спорт“ пишува дека Барселона е се уште прв избор за Кутињо, но исто така предупредува дека од ПСЖ се подготвени да му понудат на Бразилецот договор кој тешко се одбива.

Претседателот на ПСЖ има уште еден адут во ракави, а тоа се сонародниците на Кутињо и колегите од репрезентацијата, Нејмар и Дани Алвес. Наводно и двајцата се вклучиле во преговорите Кутињо да се откаже од Барселона и да го избере ПСЖ. И покрај тоа ова нема да биде лесна задача ниту за каталонскиот тим, ниту за парижаните. Кој ќе успее во својата намера да го купи овој играч, останува да видиме..

https://www.youtube.com/watch?v=5nJbhdChYP4

поврзани објави

Последни објави