-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Според документи на ЦИА: Хитлер е виден жив во 1955 година во Боливија

Адолф Хитлер не загинал за време на преземањето на Берлин од Црвената армија. Тоа се тврди во извештај на агент на ЦИА кој работел во Јужна Америка со датум од 1955 година. Агентот со кодно име CIMELODY-3 претставува и индиректен доказ за своите зборови, освен направениот писмен извештај. Тој се потпира на сведоштво од војник од СС, кој тврди дека се состанувал со Хитлер во Боливија.

Поранешниот припадник на СС работел во холандско бродоградилиште во Венецуела и секој месец навистина патувал до Боливија. Тој за своите средби со Хитлер му раскажал на посредник, кој  од своја страна ги пренел на агентот на ЦИА.

Кога на војникот му биле побарани директни докази за неговите зборови, тој испратил фотографија, на која се гледа маж со надворешна прилика со Хитлер.Според сведокот, сликата е направена во Боливија, град Тунха во 1954 година. Подоцна човекот од сликата ја напуштил Боливија и заминал за Аргентина.

поврзани објави

Последни објави