3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Шпанскиот Врховен суд почна да ги разгледува обвиненијата против каталонското раководство

Шпанскиот Врховен суд денеска почна да ги разгледува обвиненијата покренати против дел од членовите на разрешеното раководство на регионот Каталонија.

Обвинетите, меѓу кои се и разрешениот претседател на каталонската Влада, Карлес Пуџдемон и спикерката на Парламентот, Карме Форкадел, се товарат за бунт, антидржавна активност и илегално присвојување на државни средства.

Судот ги повика Форкадел и пет разрешени членови на каталонскиот Парламент да дадат искази на почетокот на следниот месец.

На обвинетите им се закануваат затворски казни од 30 години само за делото бунт.

поврзани објави

Последни објави