Игора Ангеловски, селекторо на македонската фудбалска селекција го соопшти списокот за контролниот дуел против Норвешка. Како и што беше очекува, меѓу 21 фудбалер го нема првиот стрелец во Турција, Адис Јаховиќ кој по мечот со Лихтенштајн незадоволен од минутажата објави дека се повлекува.
„Тој даде изјава во која кажа дека не сака повеќе да игра за селекцијата што јас ќе го почитувам. Не сакам да зборувам многу околу неговата одлука, па сакам само да му се заблагодарам се она што досега го го сторил во дресот на националниот„ изјави Ангеловски.
Предводникот на „црвено-жолтите“ прокоментира и за очекувањата од мечот со Норвешка, како и за моменталниот ростер.
„Нема промени во составот во однос на претходните натпревари од квалификациите за Светското првенство. Сметам дека тоа што функционираше одлично и што ни донесе резултат не треба да го менуваме. На 11. ноември нѐ очекува квалитетен тест натпревар против репрезентација која во минатото не сме ја победиле. Норвешка негува типичен скандинавски стил на игра, аргесивен, со многу дуели, а ги предводи Лагербег кој направи фудбалско чудо со Исланд. Се надевам дека на најдобар начин ќе се спротивставиме и ќе го продолжиме трендот на позитивни резултати“, заврши и Ангеловски.