11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Путин со поддршка за Иран во врска со нуклеарниот договор

Рускиот претседател Владимир Путин го поддржа Иран и нуклеарниот договор на земјата со светските сили и рече дека Москва не поддржува еднострани промени на тој договор откако американскиот претседател Доналд Трамп не даде позитивна оценка за него.
Путин го посети Техеран заради трилатералните разговори меѓу Иран, Русија и Азербеџан,
меѓутоа, прашањето за нуклеарниот договор не можеше да се избегне на средбите на рускиот лидер со неговиот ирански колега Хасан Рохани и со врховниот ирански верски лидер Али Хамнеи- кој го има последниот збор за сите државни прашања во земјата.
И останатите потписници, Кина, Германија, Велика Британија, Франција и ЕУ го повикаа Доналд Трамп да не се откажува од договорот. Американскиот Конгрес сега треба да донесе одлука за договорот постигнат во 2015 година со кој Иран се согласи да го ограничи збогатувањето на ураниум во замена за укинување на економските санкции. Конгресот неодамна му воведе на Иран нови санкции поради ракетната програма.

поврзани објави

Последни објави