5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Каракачанов: Бугарија нема проблем со уставното име на Република Македонија

Бугарија нема проблем со името на Република Македонија и уште еднаш ја потврдува својата поддршка за нејзиното членство во НАТО и во ЕУ. Ова го изјави вицепремиерот и министер за одбрана на Република Бугарија Красимир Каракачанов пред својата колешка – потпретседателката на Владата на Република Македонија и министерка за одбранам Радмила Шеќеринска.

“Ние сметаме дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во НАТО и во ЕУ е единствениот начин да бидат решени сите вештачки или покриени од историјата проблеми, токму затоа нашата позиција во овој поглед е јасна и категорична “, рече Каракачанов.

Главниот приоритет на бугарското претседателство на ЕУ, за нашата влада е интеграцијата на земјите од Западен Балкан, додаде Каракачанов. Двајцата министри денеска потпишаа два протоколи за извршување на активности за обезбедување на лабораториски испитувања и за развојот на соработка меѓу воздухопловните сили на двете земји. Според Каракачанов со темпото со кое работи во последните неколку месеци, брзо ќе бидат потпишани и други договори.

“Нашата главна цел е да ја продлабочиме соработката и во областа на социјалната политика, и во областа на обуката на македонските војници. Така нашите евроатлантски партнери сами ќе видат дека Македонија не само што има  желба, но работи и ги прави потребните реални чекори за своето членство во НАТО и ЕУ “, истакна Каракачанов.

Бугарскиот министер потсети дека ” за Бугарија проблем со името на Република Македонија не постои “.

” Мојата посета во Бугарија, како и посетата на г-дин Каракачанов во Македонија  е само едед дел во низата од активностите за развојот на нашите билатерални односи и за развивање на духот на добрососедството на нашите две пријателски земји “, рече Радмила Шеќеринска.

” Тоа е доказ дека Договорот за добрососедство што го потпишавме пред неколку месеци, не е само парче хартија, туку платформа преку која се гради успешна соработка на повеќе полиња “, додаде таа.

поврзани објави

Последни објави