Барселона во 4. коло од Лигата на шампионите на гостувањето кај Олимпијакос остана без два бода (0:0) но и без двајца играчи. Серхио Роберто стратуваше од прва минута, но мораше да излезе од игра после 45. минута поради повреда, а му се предвидува опоравување од пет недели.
Андре Гомес влезе во последните 15 минути од натпреварот, но и тој се повреди и ќе отсуствува неколку недели од терените. Ден потоа пристигна веста дека Андрес Иниеста не се опоравил од повредите здобиени на тренингот.
Ернесто Валверде за натпреварот против Севиља оваа сабота на Камп Ноу во средниот ред на располагање ќе ги има Бускетс, Ракитиќ и Паулињо. Доволно за првите 11, а тука е и Денис Суарез. На клупата против Севиља би требало да се најде името на Карлес Алене. Младиот 19. годишни Каталонец трпеливо во вториот тим на Каталонците ја чека својата прилика. Тој постигна голови неколку пати оваа сезона за Барса Б, а колку клубот верува во него говори иф актот што во новиот договор клаузулата за него е покачена на дури 75 милиони евра. Тој ја нема таа среќа да игра во времиња кога Барселона во прв план го става своето “злато“, како што тоа беше пред десетина години. Денеска клубот доведува голем број на играчи од страна, а подмладокот на тимот на клупа ги чека своите шанси. Затоа навивачите се надеваат дека овој пат на теренот ќе го видат родениот Каталонец кој на Камп Ноу е од својата 7. година.
Тој за прв дебитираше за првиот тимна Барселона пред точно 11 месеци. Беше тоа на натпреварот во Купот на Херкулес кога на светот му се претстави со својот прекрасен погодок. Во Ла Лига за прв пат заигра пред четири месеци подоцна откако го замени Иван Ракитиќ во победата против Гранада.