5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Захариева: Договорот меѓу Македонија и Бугарија ќе биде ратификуван следната недела

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерија Захариева изјави дека се надева оти Договорот за добрососедство со Македонија ќе биде ратификуван од страна на бугарскиот парламент следната недела. Захариева за бугарската државна телевизија БНТ изјави дека ќе се формира комисија за историја, со цел таа да не се политизира целиот процес. Во однос на прашањето за името, шефот на бугарската дипломатија нагласува дека Софија одамна ја призна Република Македонија под уставното име.

– Важно е луѓето да се среќаваат , да се подобри инфраструктурата меѓу двете држави. Петстотини илјади македонски граѓани ја посетуваат Бугарија, а 350 илјади Бугари одат во Македонија. Прашањето е како ќе се применува тој договор. Од тамошната опозиција јазикот кон Бугарија е сосема различен. Силниот национализам и кампањата против соседите покажа дека не носат резултати, рече Захариева.

Премиерите на Македонија и на Бугарија Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август, годинава, во Скопје го потпишаа Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји. Двајцата договорот го оценија како историски исчекор кој ќе трасира пат кон стабилност на двете земји и регионот

 

 

поврзани објави

Последни објави