Прислушуваните разговори во случаите „ТНТ“ за уривањето на комплексот Космос и „Топлик“ за изградбата на Сончев град стануваат дел од доказите што ќе се користат во овие судски процеси, одлучи Апелацискиот суд во Скопје. Судот ја преиначи одлуката на Кривичниот суд и ги прифати жалбите на Специјалното јавно обвинителство со кои Обвинителството бараше прислушуваните разговори во предметите „Топлик“ и „ТНТ“ да бидат доказ во судската постапка. Материјалите од прислушуваните разговори досега се прифатени како докази во предметите: „Триста“ во кој обвинет е поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски и за „Насилство во Центар“ во кој обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски и случајот „Тендери“ во кој е обвинета поранешната министрека за култура Елизабета Канчевска – Милевска.